Излезе „Културен печат“ број 302 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 302, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (10-12.10.2025), во формат на четири страници поради празничниот викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– континуитет со актуелни музичари и ексклузивни концерти носи 44. издание на Скопскиот џез фестивал
– јубилејниот 15-ти национален „Поетски слем Македонија“ се одржува од 9 до 12 октомври во Прилеп
– Женскиот младински хор при МКЦ освои Прва награда на меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови
– Националната галерија во објектот „Мала станица“ од 3 до 25 октомври ја претставува меѓународната групна изложба „Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството“ со жени уметници од Македонија, Грција, Србија и Кипар
– романот „Тони“ на Румена Бужаровска е книга на месецот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
– во Филмски печат се објавени добитниците на наградите на седмото издание на Фестивалот на филм и музика „Ѕирни“.



