Изготвил лажни сертификати за ISO Стандарди, заработил кривична од Финансиската полиција

Управа за финансиска полиција
Управа за финансиска полиција / Фото: МИА

Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно лице, во својство на ко-сопственик и управител на Друштво за техничка контрола и сертификација Еуро Церт ДОО увоз – извоз Скопје во ликвидација, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Фалсификување исправа.

Пријавениот, искористувајќи ист траен однос и прилики од 2017 година до 2021 година, во Скопје, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција, изготвил лажни сертификати за ISO Стандарди 9001:2015 Ситем со управување со квалитет, 14001:2015 Систем за заштита на животната средина и 45001:2018 Систем за заштита на здравје и безбедност при работа, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист, доведувајќи во заблуда повеќе правни лица со лажно прикажување како да се вистински.

Истиот бил свесен и знаел дека соработката со странското правно лице му е прекината и при изготвувањето на горенаведените сертификати го користел логото на странското правно лице се со цел да се стекне со противправна имотна корист. Пријавениот знаел и бил свесен дека изготвените Сертификати за ISO Стандарди се лажни и со невистинита содржина, ги дал на повеќе правни субјекти за да ги употребат како вистински, за што со ваквите превземени дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во значителна вредност, во вкупен износ од 6.179.272 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот