Изгореа три автомобили, два се запалија во движење

Фото: илустрација

Во полицискиот билтен за изминатото деноноќие регистрирани се три настани во кои гореле автомобили, а два од пожарите се регистрани во автомобили во движење.

Во петокот во 18.44 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Широк дол” во Штип околу 18.30 часот настанал пожар во патничко возило во движење „сузуки свифт” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.М.(24) од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Сличен настан е пријавен и во 19.30 часот во СВР Струмица. Имено, на магистралниот пат Радовиш-Штип настанал пожар во моторно возило во движење, „форд транзит” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. од с.Ласкарци, скопско, кое влечело работна машина. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Ноќеска, во 02.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Стево Црвенковски” настанал пожар во патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ѓ.(30) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот