Изгласани буџетите на општините: Ќе се градат новите градинки, училишта, паркови за поквалитетен живот на граѓаните

Фото: Општина Аеродром

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, буџетот за 2023 година изнесува 359.182.303 денари. Според локалната самоуправа, буџетот е изработен тргнувајќи од основните цели за фискална стабилизација, економичност, рационалност во трошењето на буџетските средства и намалување на сите непродуктивни трошоци, информираат денеска од општината.

Изградба на нови детски градинки, училишта, паркови, нови улици и нови зелени површини збогатени со нови садници и нова урбана опрема. Според предвидените средства во буџетите за идната календарска година на Општина Аеродром и Општина Ѓорче Петров, жителите на овие скопски општини треба да очекуваат подобрување на условите за живот и подобри услови во образовните институции.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, буџетот за 2023 година изнесува 359.182.303 денари. Според локалната самоуправа, буџетот е изработен тргнувајќи од основните цели за фискална стабилизација, економичност, рационалност во трошењето на буџетските средства и намалување на сите непродуктивни трошоци, информираат денеска од општината.

– Најголем процент од вкупните расходи им припаѓаат на следниве категории расходи: капитални расходи – 39,16 проценти од вкупните расходи, потоа следуваат расходите за набавка на стоки и услуги – 38,09 проценти и плати и надоместоци во износ од 16,60 проценти. Во буџетот на општината за следната година се предвидени средства и за реконструкција на улици, изработка на проекти за изградба на градинки и улици, изградба на игралишта, спортски терени, детски катчиња и пречистителни станици – се наведува во соопштението.

Како што објаснуваат од Општина Ѓорче Петров, во 2023 година со средства од буџетската каса се предвидени и дигитализација на услугите за граѓаните, изработка на урбанистички планови, нови капацитети за водоснабдување, еднократна парична помош за ранливи категории и новороденчиња, поддршка за спортисти и спортските клубови, заштита на животна средина, јавна чистота и култура.
При изработка на буџетот, како што се појаснува во соопштението, земени се предвид и идеите и потребите на граѓаните, што општината ги доби по пат на јавна анкета и отворен ден со граѓани.
На последната седница на Советот на Општина Аеродром, пак, исто така беше усвоен буџетот за 2023 година. Како што информираат од локалната самоуправа,станува збор за како што велат развоен буџет во кој е предвидена изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции, а се издвоени и средства за поддршка за граѓаните.

– Како прв човек на општината, се радувам што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти што ги започнавме оваа година, со што остваруваме континуитет во развојот на Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година – истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Муцунски меѓу другото додаде и дека во следната година општината ќе продолжи да ги поддржува ранливите категории на граѓани, да го субвенционира спортот, да вложува во неговиот развој и инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот