Изгласан Буџетот за 2020 на Општина Карпош

Со новиот Буџет на Општина Карпош во идната 2020 ќе се одвојат средства за предвидениот парк во населбата Карпош 4, ќе бидат засадени повеќе тревни површини со кои хортикултурно ќе се облагороди локалната самоуправа. За прв пат Општината ќе доделува и субвенции за електрични тротинети, со што ќе продолжи заложбата за намалување на аерозагадувањето. Исто така, со новиот буџет се предвидени и средства за водовод во населбата Средно Нерези, како и за реконструкција на градинката „ Мајски Цвет“, во населбата Тафталиџе 1, со што и овој објект кој има потреба да биде реконструиран ќе добие сосема нов и модерен лик, информираат од Општина Карпош.

Милорад Луковски како заслужен граѓанин на Општина Карпош во областа на животните достигнувања во областа на спортот со одлука на советниците ќе добие финансиска поддршка и во претстојната 2020 година.

На  седницата беа  изгласани и Програмите од областа на урбанистичкото планирање, активностите во областа на екологијата и енергетската ефикасност, развојот на Општината, уредување на градежното земјиште, како и Програмата за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2020 година. Беа изгласани и програмите за активностите на локалната самоуправа во идната година во областа на културата, спортот, детската, социјалната и здравствената заштита, како и активностите во областа на образованието, информатичката технологија, заштитата и спасувањето на граѓани и материјални добра, како и во областа на месната самоуправа и во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот