Изгаснат пожар на постројка за филтрирање во поранешна Топилница

Фото: Слободен печат

Пожар во поранешна Топилница избувнал утрово, кој е локализиран од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица. Пожарот бил пријавен во 10.50 минути од страна на граѓани. 

Како што информираат за МИА од Тетиторијалната противпожарна едиица тие за настанот биле повикани од граѓани во 10,50 минути, а не од обезбедувањето на фабриката и на местото на настанот се упатиле со две пожарникарски возила и шест пожарникари. Појаснуваат дека пожарот го направиле работници при сечење метал, при што   искра  ја зафатила една  од постројките за филтрирање во Топилницата, а на која работеле. Пожарот за 15-тина минути бил локализиран и целосно изгаснат за 20-тина минути и се беше санирано и безбедно.

Потенцираат и порачуваат на граѓаните на Велес дека во поранешната Топилница за олово и цинк нема материјал кој е опасен по здравјето на луѓето.

Инаку велешката Топилница по 30-годишно загадување на Велес,  не работи 18 години, од пролетта во  2003 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот