Изгаснат пожар на покрив на погон во Струмица

Пожар / Фото: Инстаграм/илустрација

Утрово околу 8 часот струмичките пожарникари за десетина минути изгаснаа пожар на покривна конструкција од погон за производство на мебел во поранешната фабрика „Треска“. Во пожарот нема повредено, но е причинета материјална штета.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, со навремената и брза интервенција спречено е ширење на пожарот кој се заканувал да го зафати целиот објект.

Во гаснењето учествувале пет пожарникари и едно против пожарно возило, а причините за пожарот дополнително ќе се истражуваат.

Тетовец со запалка предизвикал пожар во домот на негов роднина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот