Избрани привремени претседатели на судовите во Велес, Кавадарци и Струга

Заклетва на судии во судски совет / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Судскиот совет на денешната седница ги определи Билјана Јачева за вршител на должноста претседател на Основниот суд Велес, Елизабета Петковска за в.д. претседател на Основниот суд Кавадарци и Изет Бајрамовски за в.д претседател на Основниот суд Струга.

Претседателот на Советот, Сашко Георгиев на почетокот на 470. седница, посочи дека определувањето на в.д. е потребно поради пензионирање на претседателот на ОС Велес, како и тоа што на претседателите на ОС Кавадарци и ОС Струга им истекува мандатот на 30 декември годинава.

Судскиот совет претходно, утврди престанок на судиската функција на судијката Љубица Цветковска Стојановска од ОС Крива Паланка, судијката Снежана Ивановска од Основниот граѓански суд Скопје, судијката Васка Петрова од Апелациониот суд Штип и судијката Лидија Димова од ОС Велес, поради исполнети услови за старосна пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот