Фото: JESHOOTS / Pexels

Избрани пет автошколи каде ќе се обучуваат младите возачи од Карпош, кои ќе ги субвенционира Општината

Младите од Карпош кои ќе аплицираат за субвенција за полагање возачки испит, обуката ќе можат да ја спроведат во една од петте автошколи со кои Општината потпиша договор за оваа намена.

На 03-ти февруари, оваа година, беше објавен јавниот повик за избор на авто школи, на кок, како што информираат од Карпош се пријавиле шест автошколи од кои пет ги исполниле условите пропишани во повикот. Станува збор за автошколите „Смарт“, „Мобилити плус“, „Тримоски“, „Софи скул“ и „Боби ем“ со кои градоначалникот Сотир Лукровски го потпиша договорот и каде ќе се обучуваат „субвенционираните“ идни возачи.

Аплицирањето за субвенции започнува од утре, 6-ти март. Право на учество во процесот ќе имаат младите лица кои во 2026-тата година ќе наполнат 18 години односно, коишто  се родени во 2008-та година, по претходно утврдени и наведени критериуми во јавниот повик, од страна на локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот