Избори во Белорусија: Почетокот на крајот на последниот европски диктатор? (ФОТО)

Лукашенко
Лукашенко

Александар Лукашенко се наоѓа под притисок со каков што не бил соочен досега, пишува Гардијан.

Во последните недели во Белорусија се одвиваа речиси неверојатни случувања. Беше одржан опозициски протест каков што не е виден од падот на Советскиот Сојуз, уапсени се 33 руски платеници наводно испратени во земјата да ја дестабилизираат. А откако со месеци беше исмеваше епидемијата на коронавирусот, Лукашенко призна дека бил позитивен на вирусот.

Лукашенко владее со Белорусија веќе 25 години

Веројатно е дека Лукашенко, кој е претседател веќе 25 години, повторно ќе победи на изборите кои се одржуваат на 9 август, па ќе остане на чело на Белорусија. Но тој се наоѓа во одбранбена положба, соочен со силна опозиција, а се соочува и со нападите на Русија заради економската интеграција од една страна и Западот заради човечките права од друга страна. Тој е во најнесигурниот момент на својата кариера.

„По прв пат Лукашенко води војна на три фронтови“, рекол за Гардијан, Александар Федута, политички аналитичар кој му помагаше на Лукашенко во деведесетите години.

„Не знае каде да се сврти. Дури и ако победи на изборите во недела, оваа битка ќе го следи во неговиот шести мандат“, дополнил тој.

Лукашенко помина цела недела посетувајќи воени бази

Ставен во ќорсокак, белорускиот лидер оваа недела ја помина посетувајќи воени бази и трупи обучени за спречување на протести, велејќи им дека „не смеат да дозволат“ улични протести.

Фото: EPA-EFE/NIKOLAI PETROV / POOL

Државната телевизија прикажа снимка од водените топови насочени спрема демонстрантите.

Сѐ повеќе луѓе ги посетуваат опозициските митинзи

Бројот на опозициските митинзи и луѓето кои ги посетуваат расте од ден за ден. На 19 јули во Минск на еден таков собир дошле околу 10.000 луѓе.

Светлана Тикановскаја , кандитатката за претседател на Белорусија се обраќа на присутните на масовниот протест / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

11 дена подоцна на истото место се појавиле околу 63.000 демонстранти, како што проценила организацијата за човечки права Виасна. Тие протести биле најголеми од падот на Советскиот Сојуз.

Десетици илјади граѓани излегоа на опозицискиот протест во пресрет на изборите во Белорусија (ФОТО+ВИДЕО)

„Мислите дека не се плашам? Се плашам секој ден. Но, станувам, собирам сила, го поминувам својот страв и одам напред“, порачал еден од демонстрантите.

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Изборната анкета на државната телевизија покажа дека Лукашенко ќе го добие првиот круг

Испитувањето на јавното мислење во Белорусија е под силна контрола, така што единствената објавена анкета за изборите која ја објави државната телевизија покажа дека Лукашенко ќе победи со 72,3 отсто од гласовите. Една друга анкета која ја спроведоа опозициските медиуми покажала дека ќе дојде до втор круг.

Во недостаток на веродостојни анкети, опозициските лидери тврдат дека Лукашенко изгубил голем дел на поддршка со неговите изјави за пандемијата на коронавирусот.

„Долго време на него се гледаше како на силен лидер. А сега во неговата 65-та година преовладува мислењето дека е време да се пензионира“, рекла Мариа Колесникова, која ја водеше кампањата на опозицискиот кандидат за претседател Виктор Бабарико, кој сега е затворен, па му е забрането да учествува на изборите.

Лукашенко ги залади односите со традиционалниот парнер Русија

И додека Лукашенко повторно можеше да се сврти на својот традиционален сојузник Русија во потрага за поддршка, односите на двете земји се влошија.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Несогласувањата се однесуваат на рускиот план да ги интегрира економиите на двете земји. Лукашенко го обвини Владимир Путин дека создава економски притисок на него и дека ги поддржува неговите противници во изборната кампања.

АНАЛИЗА Андоновиќ: Руската паравојска „Вагнер Група“ го руши Лукашенко! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот