Десетици илјади граѓани излегоа на опозицискиот протест во пресрет на изборите во Белорусија (ФОТО+ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе се собраа вчера вечер на протестен собир во Минск, на една недела пред претседателските избори во Белорусија.

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Иако е нова во политиката, Светлана Тихановскаја мобилизираше околу 34.000 луѓе, наведе организацијата за човекови права Виасна.

Светлана Тикановскаја , кандитатката за претседател на Белорусија се обраќа на присутните на масовниот протест / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Станува збор за најголем собир на опозицијата во оваа поранешна советска република во последниве години.

Противниците на авторитарниот претседател Александар Лукашенко сите свои надежи ги полагаат во 37-годишната Тихановскаја, која на 9. август ќе му биде противкандидат на долгогодишниот челник.

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август/30 јули 2020/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Нејзиниот сопруг Сергеј Тихановски, угледен блогер, еден од двајцата опоненти на Лукашенко кои се уапсени и чија кандидатура на изборите е поништена. Вториот е Виктор Барбарико. Третиот силен противкандидат Валерија Цепкало се засолни во Русија.

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лукашенко во повеќе наврати ја обвини опозицијата дека поттикнува немири и дека со странска помош се обидува да го симне од власт. На протестот Тихановскаја овие обвинувања ги отфрли.

Минкс, Белорусија / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Ако победи Тихановскаја планира одржување на нови избори и ослободување на сите политички затвореници, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг, рече таа на протестниот собир.

„Уморна сум од прифаќањето на се, уморна сум од тоа да бидам тивка и уморна сум од тоа да бидам исплашена“, рече опозициската кандидатка додавајќи дека таа да го промени системот, а не да биде на власт.

Светлана Тикановскаја , кандитатката за претседател на Белорусија се обраќа на присутните на масовниот протест / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH9

Меѓународните набљудувачи отворено ги критикуваа изборите во Белорусија, наведувајќи дека тие не се складни со демократските начела.

Масовен протест во Минск во пресрет на изборите закажани за 9 август / 30 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лукашенко (65) не ги толерираше опозиционерите во текот на своето 26 години долгото владеење на оваа советска република со 9 милиони жители, сместена меѓу Русија и ЕУ членката Полска.

Тој се натпреварува за шести мандат на местото претседател на државата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот