Иво Котевски стана управител на хотелот „Мериот“

Иво Котевски/Фото: Скриншот

Иво Котевски, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави Фактор.

Котевски кој со години ја извршуваше функцијата директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски.

Инаку, Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем дел од имотот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот