Ивановски и Поп Арсова триумфираа на шестото издание на „Охрид трчаТ“

На „Охрид ТрчаТ 2022“ учествуваа околу 1300 атлетичари/Фото: facebook.com/ohridtrcaT

Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на трката долга 21 км. во рамките од шестото издание од атлетската спортска манифестација „Охрид трчат“ што се организираше низ улиците на градот Охрид.

Поп Арсова беше првопласирана со остварено време од 21:22.34 ч., додека Ивановски имаше резултат 01:22.34 ч.

Второпласиран кај мажите беше Американецот Џастин Фриман, а трет беше Тирон Мамуша од Косово.
Во женска конкуренција како второпласирана заврши Биљана Кираџиева, а трета беше Миљана Ристиќ, и двете од Македонија.

На петкилометарската трка најдобра беше Јана Стефановска (21:20 мин.), а во машка конкуренција најбрз беше Кристијан Наумовски (16:45 мин.).

На овој настан учествуваа околу 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји.

Во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании.