Ивановска: Добро е што Трајан поднесе оставка и онака изгубив доверба во неа

Фото: Слободен печат

Досегашниот генерален секретар на Државната комисија за спречување корупција, Розета Трајан даде оставка од фунцијата. Нејзиното барање за разрешување беше изгласано со шест гласови „за“ од страна на членовите на ДКСК, а „против“ гласаше единствено Горан Трпеноски.

Трајан им се заблагодари на соработката на колегите од ДКСК, каде работи уште од 2016 година, додавајќи дека потегот се должи на лични причини.

-Добро е што даде оставка. Јас и така последниов период ја изгубив довербата во тебе и убаво што тоа се поклопи со твоето барање да ја напуштиш оваа институција, рече претседателката Билјана Ивановска.

Повеќето од членовите и посакаа успех на Розета Трајан во понатамошната кариера, а дел од нив кажаа дека таа добро ја извршувала работата.

До изборот на нов генерален секретар на Антикорупциската комисија функцијата ќе ја извршува Ирена Поповска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот