Иванов доби лукзусна канцеларија во Џевахир: ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Претседателот на заминување Ѓорге Иванов ќе ја добие канцеларијата која ја избрал да биде негов иден работен простор, а која се наоѓа во зградите на Џевахир Скај сити во општина Аеродром. Како што неофицијално дознаваме, канцеларијата се протега на површина од околу 280 квадрати, на два спрата, во средината на една од зградите.

Од СОЗР информираат дека до нив Иванов поднел барање за изнајмување на просторот и доколку сите документи се во ред, уште денеска ќе биде склучен договор за негово изнајмување.

Тој во канцеларијата ќе може да вработи најмногу три стручни лица, а има право и на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач. Буџетот на идната Канцеларија на Иванов, според Законот, е во висина од 8 отсто од буџетот на претседателот на државата, кој за 2019 година изнесува 81 милион денари или околу 105.000 евра годишно. Дополнително, Иванов ќе може да добива и пензија од колу 1.800 евра месечно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот