Италијанскиот регион Венето со нови мерки: 1.000 евра казна и затвор за криење на симптоми на коронавирус

Фото: EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Претседателот на регионот Венето, Лука Заја, постави нови норми откако во оваа северна италијанска покраина еден граѓанин се разболел од Ковид-19 по неговото враќање од Западен Балкан, а потоа одбил самоизолација и не сакал да ги открие имињата на луѓето со кои бил во контакт.

Според локалните медиуми, се воведува обврска за 14-дневна изолација за сите Италијанци или лица кои живеат и работат во Венето кои биле надвор од покраината повеќе од 120 часа, како и два задолжителни теста за коронавирус и тоа под закана од кривична пријава.

Исто така, заразените лица мора да ги дадат имињата на луѓето со кои биле во контакт.

Лицето кое ќе крие симптоми на зараза со Ковид-19 ризикува не само парична казна од илјада евра, туку и затвор за непочитување на мерките и загрозување на јавното здравје.

Од први јули до сега во Венето имало вкупно 28 случаи на зараза со Ковид-19, од кои 15 се „увезени”, а станува збор за зараза која е констатирана кај луѓе кои престојувале надвор од Италија и дошле или се вратиле во Венето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот