Италијански воени авиони ќе патролираат на македонското небо

Фото: SAC Tim Laurence/MOD / Wikipedia /илустрација /

Согласно НАТО-принципите на заменливост, а во насока на зајакнување на мисијата за воздушно патролирање (AIR Policing) над македонското небо, донесена е одлука Република Италија како дел од силите задолжени за јужното крило на НАТО, со своите воздухопловни капацитети да придонесе во извршувањето на оваа мисија, информираа од Министерството за одбрана.

„Во периодот што следува ќе се пристапи кон усогласување на техничкиот аранжман помеѓу двете држави, по чие потпишување официјално и Италија ќе биде вклучена во оваа НАТО-мисија над македонското небо. Патролирањето ќе се реализира помеѓу македонските, грчките и италијанските воздухопловни сили во координација со НАТО-центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија“, велат од МО.

„Ова е мирновремена мисија која вклучува употреба на Систем за набљудување и контрола, како и соодветни средства за противвоздушна одбрана и воздухоплови за пресретнување со цел зачувување на интегритетот на националниот воздушен простор“, се додава во соопштението од Министерството за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот