Италијанската крајбрежна стража пресретна четири брода со 500 мигранти

Фото: ЕPA-EFE

На еден од бродовите имаше 325 луѓе, а тој беше запрен на 13 километри од Лампедуза.

Италијанската крајбрежна стража пресретна четири мали бродови кои превезувале повеќе од 500 мигранти и ги придружуваше до островот Лампедуза, на околу 200 километри од Сицилија, објави денеска АНСА.

На еден од бродовите имаше 325 луѓе, а тој беше запрен на 13 километри од Лампедуза.

Патролен брод на италијанската полиција, која се бори против финансиски криминал и криумчарење, придружуваше друг брод со околу 90 лица.

На преостанатите два брода имаше 96 и 16 лица, а тие денеска пристигнаа на медитеранскиот остров, додаде АНСА.

Сите мигранти беа префрлени во таканаречената „жешка точка”, центарот за миграции на островот.

Лампедуза е едно од главните пристаништа за мигранти, кои доаѓаат претежно од Тунис и Либија, со цел да стигнат до Европа. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот