Лазарополе/ Фото: Слободен печат

Италијанец со четирицикл се превртел во Лазарополе

Турист од Италија се здобил со тешки повреди откако се превртел со четирицикл во Лазарополе.

„Вчера околу 15:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на шумска необележана патека во атар на с.Лазарополе, Л.М.(56) од Италија, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и се превртел со четирициклот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил Л.М., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот