Италијанците кои се во карантин ќе имаат занимација: Порнхуб ќе биде бесплатен овој месец

Порнхуб им дава бесплатен пристап на Италијанците до своите премиум соджини за време на карантинот од коронавирусот.

Бидејќи Италија ги затвора несуштинските бизниси, Порнхуб ќе им овозможи на италијанските корисници пристап до премиум содржини без да ги внесуваат информациите за нивната кредитна картичка.

Ако сте заглавени дома за време на глобална пандемија, и се чудите што да правите? Дали да читате книга? Да се „залепите“ пред ТВ? Порнхуб се надева дека Италијанците имаат нешто поинакво на ум.

Бидејќи Италија е во карантин со цел да се забави ширењето на коронавирусот, Порнхуб ја нуди својата премиум услуга бесплатно за оние кои се во карантин во Италија во текот на месец март, пишува „The Next Web“. Без кредитни картички, само кликнете и гледајте.

Во меѓувреме, дел од средствата од Моделхуб, центарот кој го создаде Порнхуб, ќе бидат донирани во локалните болници, пишува The Next Web.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот