Италија забранува пловење на крузери покрај Венеција

Венеција /Фото: FE/ANDREA MEROLA

Италијанската Влада денеска им забрани на крузерите да пловат покрај Венеција, изјави министерот за култура Дарио Франческини, додавајќи дека ова е „историски ден”.

Министерот потврди дека од следниот месец бродовите ќе бидат пренасочени кон блиското индустриско пристаниште Маргера.

„Нема да помине многу време кога овој ден ќе се нарече историски, бидејќи по долго чекање од 1 август, големите бродови повеќе нема да минуваат покрај „Свети Марко” или да пловат низ Големиот канал, изјави министерот.

Франческини додаде дека на бродовите ќе им се исплати компензација поради забраната и ќе им се помогне околу трошоците за привремено закотвување во Маргера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот