Навивачи усмртија возач на автобус на сопернички навивачи на кошаркарски клуб/Фото: Икс

Италија: Возач на автобус убиен во заседа на навивачи по кошаркарски натпревар

Кратко по завршувањето на натпреварот помеѓу кошаркарските клубови Риети и Пистоја, во кој гостите победија со 88-73, се случи трагичен инцидент, откако еден човек го загуби животот откако беше нападнат од домашни навивачи.

Поточно, навивачите на Пистоја се враќале од натпреварот, а автобусот со кој патувале бил нападнат од сопернички навивачи кои фрлале предмети. Еден од нив го удрил прозорецот на возачот и предизвикал смртоносни повреди.

Полициските сили и спасувачите веднаш се упатија кон местото на настанот и ја потврдија смртта на несреќниот маж, кој не можеше да го избегне „дождот“ од камења што го погоди автобусот.

Нема ажурирани информации за состојбата на преостанатите патници, додека италијанската полиција не објави апсење на осомничени или сторители.

„Ужасни вести што ве оставаат без зборови“, коментираше италијанската премиерка Џорџа Мелони на „Икс“ за нападот врз автобусот на навивачите на Пистоја Баскет, во кој загина возач кој беше удрен од тула, и додаде дека е „неприфатлив и луд чин на насилство“.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејството на жртвата и сочувство до оние што беа сведоци на оваа трагедија“, додаде Мелони. „Верувам дека одговорните за овој кукавички и криминален чин ќе бидат идентификувани и брзо изведени пред лицето на правдата“, пренесува Анса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот