Италија во солзи: Голема спортска надеж почина од коронавирус!

Фото: tellerreport.com

Италијанскиот велосипедист Микаел Антонели почина на 22-годишна возраст од последици на коронавирусот.

Антонели беше голема спортска надеж во велосипедизмот, а пред две години и четири месеци имаше тежок пад на една од трките во Италија.

Тој се урна во рид и се здоби со тешка повреда на главата. Со хеликоптер веднаш беше пренесен во болница во сериозна состојба.

Таму помина неколку месеци, започна да реагира на околината, да јаде самостојно и да препознава луѓе, па беше пуштен на домашно лекување.

Беше заразен од ковид-19 на крајот на минатиот месец и заврши во болница на 30 ноември поради сериозни респираторни компликации. Како фатално се покажа нарушената состојба на организмот од претходно.

Трагедија: На 33 години почина хрватска атлетичарка која неодамна победи на полумаратонска трка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот