Трагедија: На 33 години почина хрватска атлетичарка која неодамна победи на полумаратонска трка

Хрватската атлетичарка Валентина Валјак почина на 33-годишна возраст по кратка и тешка болест.
Валјак се сметаше за една од најдобрите атлетичарки на долги патеки, а пред две недели таа победи на Плитвичкиот полумаратон, но не успеа да ја „победи“ болеста.

– Подмолната болест не и даде никакви шанси дури и да се бори за својот живот. Валентина секогаш беше вистински борец, но за жал оваа трка не можеше да ја издржи. ГИ помина сите атлетски дисциплини но највеќе успеси на почетокот од кариерата имапе во скок во далечина. Подоцна се префрли на трките на средни и долги патеки и најголемиот успех го имаше пред четири години кога го освои третото место државното првенство на трката на 10.000 метри. Потоа се фокусира на полумаратонските и марартонски трки и уживаше во нив. На својата последна трка, Плитвичкиот полумаратон таа победи. Секогаш ќе ги паметиме сите наши спортски моменти, твојот благ поглед и искрената насмевка – порача нејзиниот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот