Италија ќе продолжи со финансирањето на УНРВА

Антонио Тајани / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN / POOL

Италија ќе продолжи со финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) како дел од пакетот помош од 35 милиони евра, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тајани ја презеде оваа обврска за време на средбата во Рим со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа.

Италијанскиот министер за надворешни работи рече дека 5 милиони евра ќе одат за проекти на УНРВА, а остатокот ќе бидат наменети за иницијативата „Храна за Газа“.

Италија беше една од земјите кои привремено го суспендираа финансирањето на Агенцијата на Обединетите нации по израелските обвинувања дека дел од нејзиниот персонал бил вмешан во нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври, што беше причина за почеток на војната во Појасот Газа.

„Италија одлучи да продолжи со финансирањето на конкретни проекти наменети за помош на палестинските бегалци, но само според строги проверки кои ќе гарантираат дека ниту еден цент нема да се користи за поддршка на тероризмот“, рече Тајани.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци во Појасот Газа вработува 13.000 луѓе кои раководат со училишта, клиники за прва помош и обезбедуваат други социјални услуги во енклавата, вклучително и дистрибуција на хуманитарна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот