Истражување во Бразил: Хидроксихлорокинот не е ефикасен во лекувањето на Ковид-19

Фото: Профимедиа

И американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека хидроксихлорокинот може да помогне во лекувањето на пациенти инфицирани со Ковид-19.

Студија изработена во Бразил покажува деа хидроксихлорокинот, лек што беше промовиран како терапија за Ковид-19 од претседателот Жаир Болсонаро, е неефикасен во лекувањето, објави Би-Би-Си.

Со студијата биле опфатени 667 пациенти инфицирани со новиот коронавирус со мали до умерени симптоми на болеста во 55 болници во Бразил, а истражувањето покажало дека лекот не е е ефикасен во лекувањето на Ковид-19 и би можел да има несакани ефекти.

Истражувањето е објавен во списанието „Њу Ингланд џурнал оф медисин” (New England Journal of Medicine).

Хидроксихлорокин, лекот против маларија стана популарен на почетокот од годината, кога се тврдеше дека може да помогне во лекувањето на заболените од новиот коронавирус. Уште во мај Владата на Бразил препорача хидроксихлорокинот да се препишува на пациенти заразени со Ковид-19, дури и Болсонаро, на почетокот од месецот, го пиеше откако беше потврдено дека е заразен.

И американскиот претседател Доналд Трамп тврдеше дека хидроксихлорокинот може да помогне во лекувањето на пациенти инфицирани со Ковид-19.

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд спроведено во јуни покажа дека хидроксихлорокинот е неефикасен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот