Истражување во Австрија: Само 17 отсто од популацијата би примила вакцина против ковид-19, дури 83 отсто ја одбиваат како обврска

Тестирање за Кодид-19 во Австрија/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Само едно од пет лица во Австрија има намера да се вакцинира против ковид-19, откако вакцината ќе биде достапна, покажа истражување на јавното мислење.

Според анкетата, спроведена по нарачка на агенцијата АПА и телевизијата АТВ, само 17 проценти од Австријците изјавиле дека сигурно ќе се вакцинираат додека 29 отсто се изјасниле дека сигурно нема да го направат тоа. Уште 13 проценти од испитаниците истакнале одредена подготвеност за вакцинација.

Врз основа на ова истражување, експертите тргнуваат од фактот дека, во овој момент, можат да бидат мобилизирани 30 проценти од граѓаните за да се вакцинираат.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер претходно изјави дека е потребна стапка на вакцинација од најмалку 50 проценти со цел животот да се врати во нормала.

Во исто време, 83 проценти од Австријците одбиваат обврска за вакцинирање, а само 14 би поддржале таква обврска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот