Истрага на безбедносните служби: Фејзулаи бил дел од меѓународна исламистичка мрежа

Истрагата за терористичкиот напад од 2 ноември во центарот на Виена се повеќе укажува на тоа дека терористот Кујтим Фејзулај бил дел од меѓународна исламистичка мрежа. Централна улога во неа имал германски државјанин кој бил осуден во Хамбург во 2017 година како странски терористички борец, а  до средината на октомври живеел во Виена.

По таквата пресуда, тој станал „голема риба” во салафистичките кругови, а германските служби го окарактеризирале како лидер на радикалната исламистичка мрежа.

По пресудата од 2017 година, тој се преселил во Виена, каде оддржувал контакти со австриската исламистичка сцена. Ја посетувал и џамијата во која често престојувал и виенскиот терорист Фејзулај, кој во терористичкиот напад на 2 ноември уби четири лица и рани над 20.

Австриската полиција претпоставува дека Германецот и Фејзулај летово и лично се запознале. Докажано е дека Германецот имал контакти и со двајца пријатели и познаници на Фејзулај во Германија и уште двајца во Швајцарија.

Германскиот државјанин на 13 октомври бил уапсен и депортиран во Германија врз основа на забрана за престој, а оттогаш оддржувал контакти со виенските познаници преку социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот