Историја, Географија, Биологија, Физика и Хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта
Историја, Географија, Биологија, Физика и Хемија повторно ќе се изучуваат како посебни предмети во основните училишта. Оваа одлука Министерството за образование и наука ја донесе согласно измените направени на Концепцијата за основно образование, според сугестиите на наставниците и стручната јавност.
Препорачано
Јаневска: Ќе останат само добрите решенија на Царовска
-Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини Историја, Географија, Биологија, Физика и Хемија како посебни предмети во третиот воспитно – образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст – велат од МОН.
Министерството најави дека во периодот што следува ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, но и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.
Се одложува примената на Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение


