Исламската држава призна: Ние стоиме зад ракетниот напад во Кабул

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Исламската држава ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад над Меѓународниот аеродром во Кабул, објави на Телеграм агенцијата Нашер Њуз, која е предводена од таа терористичка организација, пренесува Гардијан.

„По благодат на Семоќниот Бог, војниците на калифатот истрелаа шест ракети “кон меѓународниот аеродром во Кабул“, се вели во соопштението.

Американски официјални лица претходно соопштија дека американската единица за воздушна одбрана пресретнала пет ракети што беа истрелани денеска денеска на аеродромот во главниот град на Авганистан.

Засега нема податоци за потенцијални жртви или материјална штета.

Утрово со ракети нападнат аеродромот во Кабул, Американците го пресретнаа нападот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот