Искуство на Американка која го победила коронавирусот: Мислев дека имам грип, дома се лекував (ВИДЕО)

Жена од Сиетл која тврди дека се опоравила од инфекцијата на новиот коронавирус има еден совет за сите останати – не паничете.

Елизабет Шнајдер (37) верува дека вирусот го „фатила“ на домашна забава, бидејќи неколку дена подоцна се разболеле повеќе нејзини пријатели кои биле присутни, и тоа во исто време како и таа. Три дена по забавата на 22 февруари Елизабет била на работа кога и се слошило.

– Чувствував умор, болка во целото тело, главоболка и блага грозница, па одлучив да одам дома – вели таа за Си-Ен-Ен. Кратко спиела, а кога се разбудила имала температура 38,3 степени Целзиусови, а кога повторно легнала истата се искачила на 39,4 степени.

– Мислев дека имам тежок грип – вели Елизабет.

Воопшто не ѝ паднало на памет дека тоа може да биде новиот коронавирус бидејќи симптомите не се вклопувале. Не кашлала и воопшто немала проблеми со дишењето. А потоа дознала дека десетина од нејзините пријатели кои биле на истата забава се разболеле истиот ден, во истото време, со многу слични симптоми. Сепак, таа и нејзните пријатели не се тестирани за коронавирусот. Лекарите мислеле дека станува збор за грип, а потоа резултатите за тестирањето за оваа болест биле негативни.

Елизабет успеала да се тестира за коронавирусот кога се пријавила за истражување на болеста во Сиетл. Вели дека од болеста се опоравила дома, со одморање и земање на лекови кои може да се купат без рецепт.

– Мислам дека најважното што сакам да им го порачам на другите е: ве молам, не паничете. Ако сте здрави, млади, се грижите за себе кога сте болни, ќе се опоравите, верувајте ми. Јас сум жив доказ за тоа – рече таа.

Си-Ен-Ен укажува дека Елизабет сепак на својата страна ја има младоста и генерално добрата здравствена состојба. Новиот вирус за постарите луѓе или за луѓето со веќе постоечки медицински проблеми, како срцеви болести или дијабет може да биде фатален.

Областа на Сиетл е во епицентарот на избивањето на епидемијата во САД. Повеќе од 1.630 случаи на пријавени се пријавени во земјата од првата појава на вирусот во јануари, а 457 од нив се во сојузната држава Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот