ИСФРЛЕНА НА УЛИЦА СО ДВА КУФЕРИ: Познатата пејачка поминала низ вистинска АГОНИЈА кога мажот и го одземал синот!

инстаграм

Иако преживеала вистински пекол, таа во јавноста секогаш е насмеана, позитивна и подготвена за шега.

Љубовната приказна на Селма Бајрами и Мујо Мишиќ започнала пред околу седум години кога таткото на своето дете го запознала на една забава. Искрата љубов брзо се распламнала и дошло до брак.

„Набрзо по венчавката мислев дека сета среќа е на моја страна, меѓутоа мојот сопруг и јас сфативме дека не сме еден за друг и се одлучивме за развод со цел нашиот син Дарис да може да расте во дом без кавги. Беше полесно да се испланира отколку да се направи, па така јас останав со двегодишно дете и два куфери пред вратата“, раскажа Селма.

Во тој момент таа била целосно сама, германскиот јазик не го знаела доволно, а била и пред финансиски колапс бидејќи не работела. Набрзо нашла стан и запишала курс.

„Знаев дека морам да бидам дел од овој град доколку сакам да го обезбедам своето дете“, изјави Селма.

Иако се обидувала да има нормална комуникација со сопругот, тој се одлучил да и го одземе детето.

„Пројдов низ страшна агонија. Дарис беше мал, но почувствува дека нешто се случува, не му беше јасно зошто повеќе не сме заедно. Тој започна да се повлекува во себе и тешко да зборува. Го одведовме кај психолог и за среќа беше утврдено дека има бариера поради двата јазика на кои зборуваше“, раскажува Селма.

инстаграм

Тој денес ја надмина таа препрека, а таа вели дека е исклучително среќна.

„Не го ограничувам неговиот однос со таткото бидејќи знам дека и двајцата сме му потребни за нормално растење. Се трудам со синот, и покрај тоа што мојата работа е специфична, да поминувам што повеќе време“, изјави Селма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот