Ирскиот претседател задржан во болница

Мајкл Хигинс / Фото EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс ноќеска почуствувал слабост и бил примен во болница, каде му биле направени тестови, а првите резултати покажуваат дека неговата состојба е добра, соопштија од неговиот кабинет.

Британските медиуми наведуваат дека претседателот Хигинс прво бил прегледан во неговата резиденција, каде што не бил идентификуван ургентен проблем, но била донесена одлука тој да замине во болница за да биде подложен на дополнителни тестирања.

Од неговиот кабинет додаваат дека претседателот е одлично расположен и му се заблагодарил на медицинскиот персонал за грижата.

Хигинс (82) следната година ќе го заврши својот втор и последен седумгодишен мандат како претседател на Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот