Ирина Шајк прозборе за заедничкото старателство со Бредли Купер

Instagram
принтскрин / Instagram

Славниот руски модел Ирина Шајк иако ретко открива за нејзиниот приватен живот, во своето ново интервју за магазинот „Elle“ се осврна на нејзината врска со поранешниот партнер, холивудскиот актер Брендли Купер и заедничкото старателство на нивната тригодишна ќерка Лeа Де Сеин.

По четири години заедно, Ирина Шајк и познатиот холивудски актер и режисер Бредли Купер во 2019 решија да се разделат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Никогаш не го разбирав терминот заедничко старателство. Кога сум со ќерка ми, целосно ѝ се посветувам како мајка, а кога е со нејзиниот татко, тој целосно се обидува да биде посветен татко. Заедничкото старателство е родителство“, изјави Шајк во интервју за списанието.

epa-efe
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Мојата поранешна врска е нешто што ми припаѓа мене, тоа е моја приватна работа и тој дел од себе не сакам да го делам со други“, објаснува руската убавица.

Тие станаа родители на девојчето Леа Де Сиен во април 2016 година, а извор близок до поранешната двојка минатиот месец за американските медиуми потврди дека Шајк и Бредли се обидуваат да имаат здрав однос за доброто на нивната ќерка која е нивниот главен приоритет.

Познатата руска убавица, која со години е дел од модни ревии на водечки дизајнерски брендови, еднаш изјави дека мајчинството го смета за најдоброто нешто на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Понекогаш луѓето коментираат дека затоа што сум мајка, веќе не смеам да носам оскудна облека. Живееме во 21 век. Само затоа што станав мајка не значи дека треба да се облекувам поинаку. Секогаш се трудам да бидам автентична“, изјави таа во една прилика.

Profimedia
Profimedia

Бредли Купер истата година за време на неговото гостување во емисијата на Елен Деџенерис изјави дека улогата на татко успеала да го промени во целост.

Родителството ми овозможи да ја прифатам својата детска страна без никаков страв од осуда. Можам по цел ден да си играм со играчки или бесконечно да гледам цртани филмови со ќерка ми и да не мислам дека така губам драгоцено време“, изјави Купер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот