Иранскиот претседател Рохани за првпат го обвини Израел за убиството на научникот Фахризадех

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска првпат директно го обвини Израел за убиството на научникот Мохсен Фахризадех.

Тој тоа го објасни како настојување на Израел да започне војна во последните денови од мандатот на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Израел, кој веќе долго време е осомничен за убиство на ирански нуклеарни научници во изминатата декада, повеќе пати одби да го коментира нападот од заседа недалеку од Техеран, каде беше убиен Фахризадех.

„Предизвикување нестабилност и војна во последните денови на администрацијата на Трамп е главата цел на ционистичкиот режим во ова убиство“, рече Рохани, кој се закани со одмазда, но додаде дека неговата земја нема да дозволи Израел да одлучи за „времето и местото“ за било која одмазда или нестабилност во регионот.

Нова верзија за убиството на научникот: Митралез што го препознава ликот во кој нишани е закана за човештвото, не само за Иран

По убиството на Фахризадех, највисокиот ирански функционер за безбедност, Али Шамкани го обвини Израел дека користи „електронски уреди“ за да го убие научникот од далечина.

Израел тврди дека Иран и понатаму има амбиција да развие нуклеарно оружје, додека земјата повторува дека нејзината нуклеарна програма служи за мирољубива цел.

Рохани денеска го посочи нуклеарниот договор меѓу Иран и големите сили од 2015 година, од кој претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече во 2018 година.

Претседателот на Иран изрази уверување дека ситуацијата ќе се смени под новата администрација на САД. Новоизбраниот претседател Џо Бајден претходно изјави дека САД потенцијално би можеле да се вратат на нуклеарниот договор.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот