Иран тврди дека водачот е жив и се заканува дека ќе го убијат Нетанјаху
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека новиот врховен лидер на земјата, Моџтаба Хамнеи, е во добра здравствена состојба и целосно ја контролира ситуацијата.
Препорачано
Иранските власти признаа дека тој е ранет во израелскиот напад, но тврдат дека повредите на 56-годишниот лидер не се сериозни.
Моџтаба Хамнеи неодамна беше именуван за врховен лидер на Иран откако неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во американско-израелски напад, но не се појави во јавноста откако ја презеде власта.
Иранската револуционерна гарда пак се закани дека ќе го таргетира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Ако овој криминалец кој убива деца е жив, ќе продолжиме да го прогонуваме и да го убиеме“, соопшти гардата, пренесуваат иранските медиуми.
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на 2 март соопшти дека во десеттиот бран е извршен ракетен напад врз комплексот на израелската влада во Тел Авив, односно врз канцеларијата на Нетанјаху, како и врз безбедносни и воени центри во Хаифа и источен Ерусалим.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


