Иран се понуди „да го заштити Гренланд од Трамп“
Сакам да ѝ порачам на Европската Унија, ако не можете да си го зачувате Гренланд, само побарајте од нас, ќе дојдеме да го заштитиме, изјави иранскиот портпарол.
Иран соопшти дека е подготвен да го заштити Гренланд од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи: „Само побарајте… ќе дојдеме“, објави „Њуз 18“.
Препорачано
– Трамп првин ѝ се закануваше на Европската Унија, потоа ја молеше. Денеска рече: „Ако не дојдете, ние ќе дојдеме и ќе го земеме Гренланд“. Сакам да ѝ порачам на Европската Унија: ако не можете да си го зачувате Гренланд, само побарајте од нас, ќе дојдеме да го заштитиме – изјави иранскиот портпарол.
Изјавите на Иран доаѓаат во екот на војната во Западна Азија. Иран е под напади од Израел и од САД и одговара со контранапади од 28 февруари.
Техеран, исто така, се придвижи кон затворање на Ормутскиот теснец како одмазда. Оттогаш, Трамп ги повикува сојузниците од НАТО и ЕУ да им помогнат на САД да ја обезбедат оваа клучна нафтена маршрута.
Странски бродови можат да минуваат низ Ормускиот теснец со одобрение од Иран
Трамп се закани и дека ќе го заземе клучниот ирански нафтен центар, островот Харг.
Трамп повторно ја оживеа својата идеја за стекнување на Гренланд порано оваа година, повикувајќи на „итни преговори“ од причини на национална безбедност. Никаков договор не е постигнат, бидејќи и Данска и Гренланд го одбија тоа.
Трамп, исто така, се закани со царини од 10 до 25 проценти за стоки од Европската Унија, вклучувајќи и производи од Данска, Норвешка и Шведска, доколку не се постигне договор. Тој сподели мапи и БИ-слики на кои американски знамиња се веат над Гренланд.
Сепак, Данска порача дека за Гренланд не може да се преговара, додека, пак, премиерот на Гренланд, Нилсен, повлече „црвена линија“ околу суверенитетот. Трамп рече дека тоа ќе се случи „на еден или на друг начин“, иако исклучи употреба на сила, повикувајќи се на Арктикот и на Русија.
Оттогаш, тензиите во рамки на НАТО се зголемија.
Трамп ќе испрати болнички брод на Гренланд да се погрижи за болните таму


