Иран од утре ќе го подигне нивото на збогатувањето на ураниум

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран од утре повторно ќе го подигне нивото на збогатување на ураниум за пет отсто, што е над лимитот кој е одреден во договорот постигнат во 2015 година.

-Главната објава за утре ќе биде зголемување на нивото на збогатување на ураниум 5 отсто од 3.67, колку што беше пропишано во нуклеарниот договор – изјавил ирански функционер за Ројтерс кој сакал да остане анонимен.

Од Иран од претходно објавија дека утре ќе биде соопштено дека Иран ќе прекине да се придржува до одредбите од договорот.

Токму утре истекува рокот кој Иран им го даде на европските земји потписнички на нуклеарниот договор да го почитуваат договореното, откако САД самоиницијативно се повлекоа од договорот и му воведоа нови санкции на Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот