Иран потврди: Шефот на националната безбедност Лариџани и командантот Сулејмани се мртви
Иранските државни медиуми потврдија дека се убиени шефот на националната безбедност на земјата, Али Лариџани и командантот на внатрешната иранска милиција Басиџ, Голамреза Солејмани, пренесуваат светските медиуми.
Препорачано
Израел претходно денеска објави дека Лариџани е убиен во синоќешниот напад врз Техеран, што Иран првично се обиде да го негира објавувајќи рачно напишана порака на своите социјални мрежи.
Ова е првата официјална потврда на Иран за неговата смрт, а следува по потврдата за смртта на командантот на Басиџ, Голамреза Солејмани. Врховниот совет за национална безбедност на Иран издаде соопштение преку агенцијата Мехр:
„По живот исполнет со борба за издигнување на Иран и Исламската револуција, тој конечно ја исполни својата долгогодишна желба и гордо го достигна благословениот ранг на маченик“.
Во соопштението објавено од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, ИРГЦ соопшти дека Солејмани е убиен во „напад од страна на американско-ционистичкиот непријател“.
Голам Реза Солејмани беше командант на Басиџ, доброволна паравоена сила во рамките на ИРГЦ, шест години.
Водителот на иранскиот државен телевизиски канал вечерва ја прочита пораката од Голамреза Солејмани, командантот на паравоената полиција Басиџ, за кого Израел тврди дека го убил во текот на ноќта. Во пораката се повикуваат граѓаните да се приклучат на погребните поворки за оние што загинаа на воениот брод Дена претходно овој месец.
Цената на нафтата од типот Брент повторно достигна 100 долари за барел
ИДФ: Во израелски напад убиен командантот на иранските сили Басиџ


