Масуд Пезешкијан / Фото EPA-EFE/IRANIAN STATE TV (IRIB)

Иран не бара војна, целта на економскиот притисок е да се оцрни владата, тврди Пезешкијан

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не бара војна, и покрај непријателството кон земјата, и дека целта на економскиот притисок врз земјата е да се „оцрни“ угледот на владата.

Зборувајќи на состанок со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот, објави Прес ТВ.

Тој истакна дека „непријателите на земјата“ користат економски санкции за да создадат перцепција за „неефикасност“ на исламскиот естаблишмент.

Пезешкијан потсети дека Иран постојано се соочувал со обиди за странско мешање преку заговори, државни удари и војни, при што многу млади Иранци ги загубиле своите животи бранејќи ја земјата и нејзиниот територијален интегритет.

Пезешкијан нагласи дека сите божествени религии промовираат воздржување од конфликти и истакна дека доблеста е дефинирана со добри мисли, зборови и дела.

Тој ги критикуваше двојните стандарди на глобалните сили, тврдејќи дека термини како „демократија“ и „човекови права“ често се користат за „оправдување на агресијата и експлоатацијата на ресурсите“, особено во регионите богати со ресурси, при што цивилното население, вклучувајќи ги децата и пациентите, е особено погодено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот