Иран му оддаде почит на починатиот директор на ИАЕА

Заменик министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи оддаде почит на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Јукиа Амано, кој почина денеска.

„Мое длабоко сочувство. Имавме мошне блиска соработка. Благодарен сум за неговиот вешт и професионален настан кој резултираше со комплетно завршување на договорот за нуклеарно оружје“, објави Аракчи на Твитер.

Тој учествуваше во преговорите за договорот за нуклеарно оружје помеѓу Иран и светските сили во 2015 година.

Амано почина на 72 години, а во последно време имаше нарушено здравје, соопшти ИАЕА.

Тој раководеше со ИАЕА од декември 2009 година.

За време на неговиот мандат, Амано го надгледуваше потпишувањето на историскиот договор меѓу Иран и шест големи светски сили – Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД.

Врз основа на договорот, Исламска Република се согласи да поттисне некои аспекти од својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот