ИОК открива: Приказната околу допингот е шпекулација, имаме правни проблеми

Портпаролот на ИОК, Марк Адамс/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Сагата околу доделувањето на медалите на Зимските олимписки игри во Пекинг во уметничко лизгање екипно, трае два дена и победниците сè уште не ги добија одличја поради правни проблеми.

Прво се појави вест дека постојат правни проблеми со допинг тестот на една руска натпреварувачка, а утринава се дозна дека тоа е чудото од дете, Камила Валиева која го воодушеви светот со својата изведна  и стана првата натпреварувачка во историјата која направи четирикратно свртување.

Прв случај на допинг на Олимпијадата во Пекинг

Денеска исто така беше објавено дека Валиева пред да пристигне во Пекинг била позитивна на лек за ангина пекторис кој се наоѓа на листата на забранети супстанци, триметадизин. Исто така беше објавено дека 15-годишната Валиева е заштитена личност“ бидејќи сè уште нема наполнето 16 години и доколку евентуално биде казнета, нејзината суспензија би била помала отколку за возрасните спортисти.

– Имавме ситуација која вклучува и правни компликации и се надевам дека ќе сфатите дека не сум во позиција сега да го коментирам тоа. Не би било прикладно да коментиран правна постапка. Од друга страна, доколку ја гледаме широката слика, вие медиумите наведовте дека станува збор за потенцијален допинг скандал. Јас морам да кажам дека тоа се само шпекулаци. Сакам да потсетам дека ИО за сите тестирања и одлуки за евентуални казни го делегираше Судот за спортска арбитражља за да се избегне судир на интереси – изјави портпаролот на ИОК, Марк Адамс.

Руската сензација прави чуда на ледот: Валиева ги надминува границите на возможното

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот