ИОК: Нема повеќе одложување на Летните олимписки игри

фото: твитер

Поради пандемијата, новиот план на организацијата ги вклучува и сите неопходни мерки на здравствена заштита за безбедност на сите граѓани.

Како што е веќе познато, поради пандемијата на коронавирусот следните Летни олимписки игри во Токио ќе се одржат во периодот од 23 јули до 8 август 2021 година.

Меѓународниот олимписки комитет им се обрати на Националните олимписки комитети со новиот „сет“ информации во врска со подготовките за организацијата на Игрите кои ќе бидат во Јапонија.

Заедничката работна група која ја предводи претседателот на Координациската комисија на ИОК, Џон Коутс и претседателот на Организацискиот одбор на Токио 2020, Мори Јоширо, си поставија рок до крајот на мај 2020 година да направи нов оперативен план за успешно одржување на Игрите, како и да се подготви нов календар за натпреварувањата на ЛОИ во Токио.

Една од поважните цели беше да се пронајдат начини за поедноставување и оптимизирање на услугите за сите учесници со цел да се намалат трошоците што произлегуваат од одложувањето на Игрите, но така што тоа да не влијае на квалитетот на овие услуги.

Поради пандемијата, новиот план на организацијата ги вклучува и сите неопходни мерки на здравствена заштита за безбедност на сите граѓани.

На овој начин, Меѓународниот олимписки комитет јасно ја покажа својата решеност и посветеност за успешно одржување на Олимписките игри во Токио следната година и ги запре шпекулациите што протекоа во медиумите околу можноста за повторно одложување на Олимписките игри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот