ИОК бара начин да ги врати руските и белоруските спортисти во меѓународните натпреварувања

фото: EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE

ИОК бара начин да ги вклучи руските и белоруските спортисти во меѓународните натпреварувања. Желбата на Интернационалниот Олимписки комитет е и тие да се појават на Олимписките игри во Париз во 2024 година, додека санкциите против двете земји сè уште остануваат на сила.

Претседателот на ИОК, Томас Бах, на прес-конференција во средата рече дека на оваа тема нашироко се разговараше за време на тридневното заседание на Извршниот одбор.

Откако на 24 февруари годинава почна руската агресија врз Украина, која ја поддржа Белорусија, ИОК ги казни тие две земји и им препорача на меѓународните федерации да го забранат настапот на руските спортисти или да го дозволат тоа, но без да ги истакнуваат националните симболи.

ИОК тоа го нарече заштитна мерка, иако е спротивно на слоганот на организацијата за обединување.

– Олимпиското движење мора да биде обединувачко, а не што ќе разделува. Мора да најдеме начини да ја надминеме оваа ситуација и да останеме верни на нашата мисија. Санкциите ќе останат во сила, но мораме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувања. Ова е ситуација што мораме да ја надминеме. Во меѓународните натпреварувања мора да важи принципот на права и праведност за секого – вели претседателот на ИОК, Бах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот