ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Петар Богојески: Бугарофилот Богојески не може да скија во Банско

ФОТО: Принтскрин

Лидерот на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, вели дека иако многумина го нарекуваат бугарофил вистината е поинаква, бидејќи на него му е забранет влез во Бугарија, токму поради неговите ставови за тоа како треба да се водат преговорите во спорот со источниот сосед.

Богојески открива дека јавно изнесената историска вистина за учеството на некогашната бугарска држава во холокаустот на македонските Евреи, му донела тужба и прогон од страна на бугарската држава.

– Некои луѓе од Македонија вработени во државна администрација, а се блиски на бугарското здружение „Дело“ се обидуваат да ме прогонуваат со тоа што ме тужат, но во тужбата се приклучи и бугарската држава. Тоа беше активен прогон од 3 месеци, пробаа преку ЕУ да ми изречат забрана, злоупотребувајќи го Шенген системот, во кој се прогонува граѓанин на друга држава поради политичко убедување, што е скандал. Сега ми остана само забраната за влез во Бугарија, односно ако се обидам да влезам ќе ме притворат или бугарофилот Богојески не може да скија во Банско. Зошто за мене велат дека сум бугарофил. Јас 25 години се обидувам за добри односи со сите наши соседи. Минатата кампања буквално ја жртвував за да помогнам во напорите да се избегне бугарското вето. Но откако го добивме бугарскиот предлог во француски бои, јас тоа не можев да го прифатам – изјави Богојески.

Во интервјуто дадено во студиото на Утрински печат, Богојески говореше и за неодамна донесената доктрина на Македонски концепт, за која вели дека е документ за партиски потреби, без никаква намера тоа да им биде наметнатнато на други политички партии или, пак, на било каков начин да го регулира секојдневниот живот на граѓаните.

За бугарските клубови предлага решение со кое би се забранило нивното финансирање од странство, но смета дека треба да се оневозможи и работата на другите странски платеници. Богојески смета и дека вистинскиот начин за напредокот на Македонија е нов Устав, со кој политичкиот систем ќе се реформира во претседателски, а владата би функционирала во скусен состав со строго технички капацитети.

Целото интервју со Петар Богојески погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот