ИНТЕРВЈУ Петар Атанасов: Грешниот учебник е само симптом на болеста од која боледува образованието

ФОТО: Принтскрин

Учебникот по општество и историја за петто одделение во кој беа пронајдени поголем број на грешки, за професорот Петар Атанасов е само симптом на болеста од која македонскиот образовен систем боледува со години.

– Учебникот е само симптом на тоа што се случува во образованието во последните години. Таму нештата не се добри и обидот со парцијални реформи нешто да се промени е неуспешен. Премногу министри се сменија, партиите премногу се вмешани во целиот процес. Постојат две генерални причини зошто е тоа така. Прво, образованието повеќе не е привлечна професија. Луѓе кои не мораат не влегуваат во професијата за да бидат наставници или професори. Платата не е доволна, не можете семејството да го издржувате како вработен во образованието. Веќе две децении опаѓа квалитетот на луѓето во образование, односно најквалитетните не се таму. Второ е влијанието на политичките партии. Во образованието има 30.000 вработени, политичките партии го намирисаа тоа, бидејќи се работи за одлично гласачко тело. Еден декан на Педагошкиот факултет во една прилика ми кажа дека најлошите кадри се во образованието токму поради мешањето на партиите – изјави Атанасов, во неговото гостување на Утрински печат.

Поранешниот замени-министер за образование неодамна беше присутен на трибината во Куманово, на која градоначалникот Максим Димитриевски го промовираше движењето, за кое се верува дека би можело да освои значителен број на гласови на наредните парламентарни избори.

– Време е нова политичка опција да го растури монополот на трите водечки партии, во кои царува клиентелизмот. Максим Димитриевски покажа како може да се оствари успех на локално ниво, а сега тоа би можело да прерасне и во движење кое ќе ги опфати и другите градови во Македонија. Во неколку града се формирани слични здруженија, кои би можеле да внесат нешто ново во политичкиот живот. Заедно со неколку мои пријатели, јас го формирав здружението Модерна, кое би требало да донесе нешто ново и во Скопје. Сметам дека премногу луѓе се разочарани и дека како никогаш претходно на гласачите им е потребна поинаква опција. Со Максим не сме разговарале за никаква коалиција или соработка, но секако дека делиме слични ставови – вели Атанасов.

Целото интервју со Петар Атанасов проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот