Институт за трансфузиона медицина: Има слободни термини на Мој Термин и сите не се со итна животозагрозувачка состојба

Институтот за трансфузиона медицина ја демантира изјавата на д-р Лилија Чолакова-Дервишева, претседател на Здружение на матични лекари, дадена на вести на Телевизија 24, во која вели дека на пациентката морало да и даде Итен упат бидејки редовен термин за трансфузија имало дури во октомври, информираат од Министерство за здавство.
„Одделот за Специјалистичко-консултативна здравствена дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланти) работеше цело време за време на вонредната состојба со една Амбуланта за итни случаи, а сите закажани термини по Мојтермин беа откажани од нашите администратори со јавување со мобилен телефон.
Од Јуни 01, 2020 година работиме со 2 Амбуланти и сите предходно откажани пациенти се презакажаа и веќе од средината на Јули работиме со ново закажани пациенти со термини по Мојтермин. Со Итни упати работиме секој ден, иако има слободни термини по Мојтермин и речиси сите НЕ се со итна-животозагрозувачка состојба.
Исто така, цело време работи и Лабораторија за анализи – Скопје 1 и Скопје 2, каде сите лекари, и матични и специјалисти, може да закажат термин за оние анализи кои им се потребни и тоа од денес за денес.
Термини за кај лекар во Одделот за Специјалистичко-консултативна дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланта) има за една недела, а за Лабораторија за анализи има за истиот ден.
Сето погоре кажано важи и за сите Амбуланти, како и Лабораторија за анализи во секој град каде имаме трансфузиолошка служба. Сето погоре кажано лесно може да се провери во Мојтермин.” – посочуваат од Институтот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот