Инспекцијата во штипската болница заврши: Ќе се постапува неселективно, наредено е да се свика Комисијата за квалитет

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение му наложил на директорот на штипската болница доктор Ален Георгијев да ја свика Комисијата за квалитет, за понатамошно постапување во однос на случајот со 41 годишната пациентка која почина во болнички услови, дознава ,,Слободен печат” од свои доброупатени извори. 

Комисијата за квалитет во штипската болница мора да се свика, затоа што семејството на пациентката која почина на инфективното одделение, посочува дека таа многу пати барала лекарска и сестринска грижа, помош, боца со кислород но не ја добила, што можеби било животозагрозувачко и довело до смртен исход.

Во наредните денови, според нашите сознанија, ќе се испитува колку сестри биле на смена, ќе се бараат листинзи од мобилните оператори на кои точно се гледа кога кој барал помош, дали било одговарано на тие повици и дали пациентите биле згрижени како што треба.

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

-Инспекцискиот надзор е завршен. ДСЗИ ги чека сите потребни оригинални документи да стасаат утре и ќе информираме за сите преземени чекори, вели за ,,Слободен печат” директорката на инспекторатот, доктор Ирина Сотирова Бухова.

Ќе се разгледаат сите документи во однос на лекувањето, од моментот кога пациентката влегла, до исписот и за жал смртниот исход. Ќе се испитува и дали болницата има востановен начин на кој што пациентите можат да повикаат медицинска помош ако им затреба. Јасно е само дека покрај креветите во штипската болница нема ,,црвено копче” за повикување помош.

ВИДЕО | Штипското инфективно тоне во скандали: Телефоните исклучени, лелеци за кислород, молат за шише вода!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот