ИНФОГРАФИК: Трката за Месечината продолжува

Profimedia

По два неуспешни обиди за лансирање во август и септември, мисијата „Артемис 1“на НАСА минатата недела конечно полета кон Месечината. Планирано е прелетувањето да биде почеток на новата програма на лунарните мисии на американската влада речиси точно педесет години по завршувањето на проектот Аполо, со кој се спуштија првите луѓе на Месечината. Оттогаш, ниту една мисија со екипаж не го посетила најблискиот придружник на Земјата во вселената.

„Артемис 1“ е првата од трите мисии кои имаат за цел да пратат луѓе на Месечината до 2025 година.

Во оваа трка не учествуваат само САД, откако уште неколку земји и приватни компании најавија мисии на Месечината. По успешното слетување на кинеските сонди „Чанг’e 3“ во 2013 година, „Чанг’e 4“ во јануари 2019 година и „Чанг’e 5“ во 2020 година, прашање е која ќе биде следната вселенска агенција или компанија што ќе успее да стигне до Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот