ИНФОГРАФИК: НАТО ја зајакнува одбраната на источното крило

Одбранбени сили на НАТО во Европа/ Обработка на податоци: СП. / Иван Самарџиев

Руската агресија врз Украина го поттикна НАТО постојано да го зголемува бројот на свои трупи низ Европа.

Присуството на странски војници во европските земји во јуни повторно се зголеми.

Најмногу војници од НАТО земјите-членки досега испратиле САД, поточно околу 100 илјади.

На 24 март, на вонредниот самит за војната на Русија против Украина, лидерите на НАТО се согласија да распоредат четири баталјони во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, покрај четирите веќе присутни во Балтичките земји и Полска.

Поопшто, тие одлучија да преземат мерки за да се осигура безбедноста и одбраната на сите сојузници во сите домени, зајакнувајќи го подолгорочното одвраќање и одбранбеното држење на Алијансата.

Најголемо присуство на НАТО војници има во Полска. Според податоците на алијансата, во Полска има 11.600 странски војници, заедно со 122.500 домашни трупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот